ЏЕНИФЕР И БРЕД НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ! Анџелина уништи уште еден брак во Холивуд?

popara21 јули, 20201min00
jolie

Среде драмата на поранешните сопружници, Џони Деп и Амбер Херд, кои со месеци се „влечат“ на суд, поради наводното семејно насилство извршено од актерот врз актерката, а според него и таа против него, сега во сѐ се вклучи и Анџелина Џоли. Имено, според најновите натписи на магазинот New Idea, 45-годишната актерка би можела да биде одговорна за крајот на бракот на сега контроверзните поранешни сопружници.

Според медиумите, пред да се ожени со својата поранешна сопруга во 2015 година, Анџелина го советувала Џони да потпише предбрачен договор и да биде претпазлив, а нивната пријателска врска подоцна, наводно, прераснала во романтична, што резултирало во кавги и крај на бракот со Амбер.

Angelina Jolie Johhny Depp

Иако нема докази за овие тврдења, американскиот таблоид потсетува дека пред три години протекоа информации во јавноста дека ѕвездата на филмот „Maleficent“ се „сплеткала“ со 57-годишниот Џони, и сето тоа за инат на нејзиниот поранешен сопруг, 56-годишниот Бред Пит. Тие во тоа време не ја коментираа наводната романса, а извор близок на актерката тогаш го негираше истото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma