Паф Диди собрал преку два и пол милиони евра, хуманитарна помош за најранливите во борбата против коронавирусот. Поранешната љубов Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез најмногу му помогнаа.
Раперот реши да му помогне на светот кој се бори против овој монструм, па организираше програма за танцување на социјалните мрежи. Целта беше да се вклучат голем број на јавни личности кои би играле во живо со него, со цел да се соберат средства за непрофитната организација Директ Рилиф.
Во својот лајф раперот ја повика и Џеј Ло, својата поранешна девојка. Пејачката играше во друштво на својот вереник Алекс Родригез, а ова видео беше најгледано. Според американските медиуми, раперот собрал над два и пол милиони евра со помош на Лопез и другите колеги.
Патем, Џенифер Лопез и Паф Диди беа во врска пред скоро дваесет години. По три години врска тиа раскинаа, но останаа во добри односи. Во прилог на тоа зборува и фактот што Лопез немаше проблем да го запознае со вереникот.