Џенифер Лопез сподели видео за корона вирусот што ги запали социјалните мрежи!

popara12 април, 20202min00
Џенифер Лопез

Навистина ни требаше ова будење!

За време на пандемијата на коронаворусот, кој за жал во Америка се шири како шумски пожар во последните десетина дена, многу познати личности ги повикаа преку социјалните мрежи и медиумите, народот да останате во во своите домови, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи ширење на пандемијата и да се заштитат едни со други.

Џенифер Лопез е во карантин со своите најблиски во семејниот дом во Мајами, и откако се најде во овие вонредни услови, ја повикува нацијата да остане во своите домови преку социјалните мрежи.

Она пејачката посебно нагласува во оваа ситуација е тоа да имаме трпеливост и разбирање и нагласи да останеме во своите домови.

Како дел од нејзината молба пред неколку дена, таа закачи видео од раперот наречен Princ Ea, помалку познат во земја, но доста популарен во Америка.

Џеј Ло е обожавател на неговата работа, а она што овој талентиран изведувач го претстави во своето видео за вирусот, пејачката го напиша.

Исто како нас. Ви пишуваме превод на говорот на раперот кој зборува во видеото, кое го запали целиот континент.

„Дали сте исплашени? Тие велат дека ова нешто го убива имунитетот, ги напаѓа белите дробови и го отежнува дишењето и се шири. Се шири како шумски пожар, предизвикува хаос. Ќе се разболат твоите пријатели и семејство, ако веќе не се заразени. Научниците велат дека постарите луѓе ќе бидат најтешко погодени.

Тие велат дека ова е ново, но не, не, не. Не е Ова е околу нас со векови. Погледнете во историјата, тоа имаше само различни имиња, ние се боревме на друг начин и нема начин да го спречиме. Тоа влијае на богатите, сиромашните, младите, старите, славните, непознатите – опасно е. Сите се на работ. Заклучени во нивните домови, нервозни. Границите се затворија, државите прогласија вонредни состојби, продавниците се испразнија, никој не се моли во црквите, светот отиде во пеколот! Не е ни чудо што тоалетната хартија прво исчезна. Берзите се распаднаа, илјадници ги загубија своите работни места, средства за дезинфекција се најбараната и најскапата стока.

Подобро да не кивате затоа што никој нема да ви каже „Бог да ве благослови“, тие дури може да ве уапсат за тоа. Не сакам да ве исплашам, но опсесивно миење на рацете не е она што ќе ве заштити. Пријатели, она за што зборувам не е корона ворусот. Не, она за што зборувам е многу по смртоносно. Ова е „вирусот С“. Го видовте. Се шири од минута во минута, како епидемија, претежно на површини како што се екрани, телефони, далечински управувачи. Ве прави депресивни. Лекарите велат дека секој пат кога го свртите каналот, повторно се реинфицирате. Го напаѓа мозокот. И кога мутира, таа се претвора во омраза, вина: „Кина е виновна за тоа. Не, Италија е. Шпанија. Не, Иран!“. Не бев доволно јасен? „Вирусот C“ што се шират дами и господа, тоа е СТРАВ.

Но, не плаши се. И покрај она што го слушате или гледате на ТВ, го прочитавте во вестите – има добра вест во целата оваа трагедија. За да се надмине осаменоста, луѓето излегуваат на прозорците и терасите на своите домови и си играат и пеат, Емиратите испратија помош во Иран, Јапонија донираше медицински материјали за Кина бесплатно, а на овие пакувања пишуваше „Ние сме бран од истото море“ .

Слушајте ме добро, можеме да дејствуваме исто како и со секоја трагедија што влијае врз нас во животот – можеме да дозволиме да нè уништи или можеме да ја искористиме за наша корист. Да ги поправиме врските меѓу нас, да ги избришеме лудите граници и сите негодувања што ги фрламе едни кон други, затоа што на крајот на денот кога е готово, сè што навистина имаме на овој свет е дека се имаме едни со други.

Затоа, да го направиме она што е правилно, да ја прошириме големината на нашите срца, да го намалиме социјалното растојание, да го подобриме имунолошкиот систем, да обрнеме внимание каде ги ставаме рацете и на што допираме, но исто така да обрнеме внимание каде и како го фокусираме тоа внимание. Бидете внимателни, но не исплашени.

Ако сте премногу изложени на телевизија, променете го каналот, деконтаминирајте се преку забава – танц, музика, смеа, медитација. 2020 година беше морбидна од смртта на Коби, сè до короната. Да го искористиме овој трагичен момент за конечно да се разбудиме и да видиме што навистина е важно. Кажете им на вашите драги луѓе колку навистина се грижите за нив. Да, сега. Кажи им што чувствуваш. Ако не се во иста просторија како вас, повикајте ги. Кажете им дека секогаш ќе бидете таму за нив. Затоа што само заедно можеме да се издигнеме над ова. Бидејќи единствената вакцина за лекување на овој вирус, како и секој друг, е ЉУБОВ. Останете дома, останете безбедни и не паничете“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag