Последниве неколку денови медиумите шпекулираа за тоа дали моделот Џиџи Хадид е бремена или не. Откако се смири со своето момче Зејн Малик, во интервју за „The Tonight Show“ на водителот Џими Фелон, Џиџи му потврди дека е бремена.
И покрај драмите низ кои помина Џиџи изјави дека одвај чека да го почне новиот живот како мајка. Таа исто така изјавила дека бременоста ја прави посебно среќна во овие тешки времиња, а најголема радост и носи тоа што е дома со сите сакани и да узива во се поголемиот стомак.
Та неодамна го прослави својот роденден заедно со Малик во својот семеен дом во Пенсилванија. После долги расправии и несогласувања, се чини дека се е во ред помеу нив двајца.