Најдобриот српски тенисер Новак Џоковиќ призна дека поразот во првото коло на Олимписките Игри во Рио пред четири години од страна на Хуан Мартин Дел Потро е најболниот и најтешкиот момент во неговата кариера. Тој во разговорот со американскиот новинар Грејем Бенсинџерго опиша тој момен:
- Тоа беше еден од најтешките моменти кои сум ги имала во кариерата без дилема– рекол Новак. Имав големи очекувања на Олимписките игри, сепак бев прв во светот, освоив 4 Гренд Слема таа година, и бев на врвот на кариерата во поглед на играта и резултатите и ако имаше момент за освојување на златен медал тогаш тоа беше тој. Но што поради повредата што поради притисокот кој сам си го наметнав сепак изгорев на крајот. Тоа едноставно ме сруши бидејќи Олимписките игри се најголема спортска манифестација во историјата на спортот, а да ја претставуваш својата земја на таков настан е голема чест и привилегија.
Токио ќе биде следна шанса за тенисерот да го поправи впечатокот и да дојде до толку очекуваното злато иако со моменталната здраствена пандемија одржувањето на игрите е под знак прашање.
– За овие четири години имам повеќе искуство за да ги преминам таквите ситуации па со сигурност и припремите ќе бидат со поинаков карактер за Токио. Идеата е да се спремам за игрите како да се било кој друг турнир. Порано на игрите гледав како нешто сосема поинаку и поголемо но за да ги освојам мора да ги третирам како што го третирам секој турнир – изјави Џоковиќ