Џорџ Клуни за убиството на Флојд – Расизмот е нашата пандемија!

popara3 јуни, 20201min00
Naslovna

Холивудскиот актер Џорџ Клуни, во есејот што го напиша за “Daily Beast”, апелира до јавноста дека е потребна итна акција во борбата против „расната пандемија“ во САД, осврнувајќи се на случајот со убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд од страна на полицијата минатата недела.

„Нема сомнежи дека Џорџ Флојд беше убиен. Сите го набљудувавме како го зема последниот здив во рацете на четворицата полицајци “, напиша актерот, а потоа ја поддржа и пофали „пркосната реакција “на милиони луѓе низ целиот свет, кои учествуваат во демонстрациите.

„Не знаеме кога ќе престанат протестите. Се надеваме дека никој повеќе нема да биде убиен, но знаеме дека малку ќе се промени. Гневот на луѓето што е присутен на улиците е само потсетник за тоа колку малку ние како земја напредувавме од првичниот грев наречен ропство“, вели Клуни.

„Ова е нашата пандемија. Тоа нè инфицира сите и нема да најдеме вакцина за следните 400 години “.

Клуни воедно ги повика граѓаните да го соборат Доналд Трамп од власта на следните претседателски избори.

„Ни требаат политичари кои еднакво ги третираат своите граѓани. Не ни требаат водачи кои поттикнуваат омраза и насилство. „Има само еден начин за трајна промена во оваа земја: гласање“, заклучи актерот.

Потсетете се, заради убиството на Џорџ Флојд, невооружено лице со темна кожа, кое почина откако полицискиот службеник Дерек Човин го удри вратот со коленото за време на апсењето, започнаа масовни антирасистички протести наречени „Не можам да дишам“ низ цела САД.

Ова убиство само уште еднаш го истакна расизмот, кој според демонстрантите, е сеприсутен во американското општество, а кој е највидлив во ставот на полициските сили кај граѓаните на САД кои не се бели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma