Родригез носеше костум од златен лав за да се појави во шоуто, додека другите се обидоа да погодат кој се крие зад маската. Никој не беше во можност да сфати дека тоа е Џорџина. Конечно ја симна маската од главата и го откри лицето
Додека фудбалерот Кристијано Роналдо (35) има помали успеси на фудбалскиот терен, неговата девојка Џорџина Родригез (26) сè повеќе доаѓа до израз на сцената. Таа учествуваше во шпанската верзија на „Маскирана пејачка“ и ги остави судиите и публиката во шок со својот настап.
Џорџина даде само неколку навестувања за себе, па затоа судиите не можеа да претпостават дека таа се крие зад маската.
– Ми се допаѓа шунка, но добра шунка. Другите задоволства вклучуваат гледање ТВ серии од омилениот тросед. Кој знае, можеби еден ден ќе бидам од другата страна на телевизијата – рече Родригез.
Не е познато дали Џорџина учествуваше во шоуто пред или по тестот на Роналдо за Ковид-19, кој покажа дека фудбалерот е позитивен на вирусот. Тој се самоизолирал во посебна област на италијански имот што го делат со неговите четири деца.