
Џорџина Родригез објави фотографија од породилното одделение по повод третиот роденден на нејзината ќерка Алана Мартина, која ја доби со Кристијано Роналдо.
„Три години со мојот мал ангел“, напиша таа под црно-белата фотографија.
Таа на својот профил сподели и фотографија на која Роналдо ја храни својата новородена ќерка.
На честитките се придружи и самиот Кристијано кој објави фотографија од насмеаното девојче.
“Ти благодарам што влезе во нашите животи и го исполни со светлина со твојата насмевка. Среќен роденден, моја принцезо Алана. Те сака тато “, напишал фудбалерот.
Инаку, Роналдо има уште три деца кои ги родија неговите сурогат мајки, синот Кристијано Роналдо Јуниор и близнаците Ева и Матео.