Џорџина Родригез доби повеќе од 1,8 милиони лајкови за нејзината последна објава на Инстаграм, а нејзиниот партнер Кристијано Роналдо исто така остави срце емотикон под неа.
Џорџина, која ја снимаше насловната страница за шпанското списание Мујерхој, сподели дел од фотографиите со своите 21,6 милиони обожаватели, а тие ја опсипаа со комплименти.
Партнерката на фудбалерот на Јувентус редовно ги краси насловните страници на бројни списанија ширум Светот, а неодамна се пофали и со својата прва насловна страница во бразилскиот Vogueu.
Инаку, Роналдо, две недели откако му беше дијагностициран коронавирус, сè уште е во самоизолација и ќе го пропушти денешниот натпревар против Барселона.