Еден од најпознатите светски фудбалери Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез не кријат за тоа колку уживаат во семејната идила. Иако обично се обидуваат да го поминуваат времето заедно, поради изолацијата предизвикана од пандемијата на коронавирус, им беше дадена неочекувана можност да се посветат уште повеќе едни на други.
„Ако има една позитивна работа што можеме да се извлечеме од оваа изолација, тоа е што ги создаваме најсреќните моменти сами“, напиша Џорџина на својот Инстаграм, додавајќи дека „сака да минува време да играјќи и да учејќи“ со семејството.
„Мали моменти, секојдневни работи, семејство“, наброи што е најважно за неа.
Иако славниот фудбалер често објавува моменти од неговиот приватен живот, видеото што сега го објави неговата партнерка го покажа во сосема поинакво светло. Фатен среде играње со деца, тој не ја криеше неговата нежна страна, а фановите не го криеја своето задоволство од тоа што го видоа.„Ова е премногу слатко“, е еден од коментарите на објавата, која досега собра повеќе од 2,4 милиони лајкови.