Базен покрај река, ова е ВИСТИНСКИ РАЈ
Се популарната млада пеачка Анастасија Ражнатовиќ веќе неколку години ужива во емотивна врска со бизнисменот Џорџе Кулјиќ, а летните денови најмногу ги поминува кај својата посилна половина во Нови Сад.
Како и не кога Џорџе на својот имот во Нови Сад има огромен двор со базен и тоа баш до Дунав. Ова лето, ова и е омилено место за уживање на Анастасија , па често овде ги носи пријателите, но и својата мајка фолк звездата Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Анастасија на следбениците на инстаграм им покажа како во крупен план изгледа дворот на нејзиниот дечко каде ужива со кафе во утринските часови и малку се тие што не и позавидеа на овој раскош.