Авионот на напаѓачот на Јувентус никако да добие дозвола да лета кон Мадеира.
Кристијано Роналдо ни во понеделникот не успеа да стигне во Торино и да им се придружи на неговите соиграчи од Јувентус!
Причината е што неговиот приватен авион Gulfstream G200 не може да добие дозвола да лета од Мадрид до Мадеира, а потоа и во Италија.
И додека во моментов има „драма“ околу авионот на Роналдо, ќе ве потсетиме како изгледа авионот, за кој Португалецот потроши 23 милиони евра во 2015 година.
Има најсовремен кокпит, ентериерот е секако луксузен, во светли бои, изолиран од бучава и доволно удобен. Има доволно простор за осум патници и двајца членови на екипажот.
На Роналдо му се исплати оваа изнестизија, бидејќи често го користи. Особено кога оди во родната Мадеира или Дубаи каде е чест гостин.
Погледнете ја галеријата на фотографии направени во авионот на Роналдо.