Актерката Џеси Кејв, најпозната по улогата на вештерка Лаванер Браун во светски познатата волшебничка франшиза „Harry Potter“ повторно е во блажена состојба!
Англиската актерка ја сподели веста со јавноста на својот Instagram профил.
Нејзиниот партнер Алфи Браун и таа го очекуваат своето трето дете. Интересно е што нејзиниот партнер од филмот „Harry Potter and the Half-blooded Prince“, Руперт Гринт, кој го играше Рон Вајсли, нејзиното поранешно момче, неодамна стана татко.