Ријад Марез е последниот на листата фудбалери коишто беа ограбени во Англија.
Фудбалските ѕвезди во Англија се магнет за крадци, па дури и кога фудбалерите се во своите домови.
Ријад Марез се најде во центарот на вниманието откако остана без своите скапоцености во вредност од половина милион фунти.
Крадците го следеле фудбалерот на Манчестер Сити пред да влезат во неговиот стан и да однесат со себе три часовници во вредност од 300.000 фунти, накит и ретки фудбалски дресови.
По серијата кражби, многу фудбалери, како Џек Грилиш, Рахим Стерлинг и Маркус Рашфорд, си набавија кучиња – чувари за своите домови.