Ќерката на холивудските актери Алек Болдвин (62) и Ким Басинџер (66), Ајрланд Болдвин (24) беше фотографирана на плажа во Калифорнија, додека сурфаше со пријателите, а во таа прилика, брадавицата и испадна од тесното бикини.
Ајдрланд Болдвин не престанува да воодушевува со нејзините начини на забава на плажа во Малибу, каде што ги поминува деновите со пријателите, откако помина неколку месеци во изолација поради пандемијата „Ковид-19“ што го окупира САД.
Викендов уживаше со момчето Кори Харпер и пријателите, а холивудските папараци ја сликаа како пие алкохол на плажа и сурфа.
Убавицата носеше минијатурно бикини кое откриваше многу повеќе отколку што криеше, а брадавиците и ѕиркаа од горниот дел на костимот и сите можеа да видат колку се големи нејзините гради, со оглед дека костимот за капење беше многу тесен.Балдвин неодамна беше на мета на јавноста затоа што обожавателите коментираа дека таа се здебелила и ја прашуваа како ќе продолжи да биде модел со таа тежина.
Исто така, обожавателите ја нападнаа затоа што премногу ги фотошопира фотографиите на социјалните мрежи. Таа ја стеснува половината, ги зголемува градите и става филтри на лицето, а тие велат дека таа претерала со уредување на обликот на лицето.
Неa ја следат 602.000 луѓе на Инстаграм, а на таа социјална мрежа објасни дека квалитетот на фотографијата зависи од осветлувањето и дека не ги фотошопира многу фотографиите.
Исто така, нејзиниот татко Алек смета дека фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи се премногу провокативни, а останува да се види како ќе реагира на фотографиите од плажа.