Основачот на “Poosh” навистина знае најобичната комбинација на облека да ја претвори во вистински кул аутфит. Последното парче со кое си поигра беше кошулата на Скот Дисик.
Така е – ајде да разговараме повеќе за ова…
Кардашијан, на 14 јуни објави фотографија како во рацете држи јагне, а е облечена во „over-sized” кошула. Истиот ден, една фан-страница објави слика од Дисик во слична кошула. Насловот гласи: „КОРТНИ НАВИСТИНА ЈА НОСИ КОШУЛАТА НА СКОТ!“
Но засега, ниту Кардашијан ниту Дисик не ги искоментираат шпекулациите.
Според „Us Weekly”, фотографијата е направена во Вајоминг, каде Кардашијан, наводно, летува со Дисик, нивните три деца и остатокот од семејството.
Ова патување се случи само неколку недели откако Дисик им се придружи на Кардашијан и нивните деца во Јута за време на Меморијанлиот викенд. Патувањето на Дисик во Јута се случи веднаш по разделбата со Софија Ричи, со која беше во врска од 2017та година. Ричи во Април стави крај на врската, сметајќи дека на Дисик му е потребно време да се фокусира на неговите проблеми и да помине некое време на опоравување.
„Софија смета дека премногу работи му се случуваат на Скот во моментот и дека е најдобро тие да бидат одвоени за да може да се фокусира на самиот себе. Таа само се грижи за него и поради тоа ја иницираше разделбата “, вели изворот. „Софија сега минува време со нејзиното семејството ,а од куќата на Скот си го зема поголемиот дел од нејзните работи“.