
Постои многу едноставен трик за чистење на сребрен накит за кој ви требаат само две состојки.ж
Трикот го сподели една жена на Фејсбук која се ужаси кога ја виде нечистотијата на нејзината сребрена белегзија. Сè што треба да направите е да загреете малку вода да зоврие, а потоа истурете ја водата во сад во кој ќе додадете малку детергент за миење садови. Измешајте сè добро, ставете сребрен накит во сад и оставете го да стои околу пет минути.
После тоа, накитот ќе блесне како да е нов. Трикот воодушеви многумина на Фејсбук.

