Едниот близнак бил вегетаријанец, другиот јадел месо 12 недели – видете ја разликата

popara5 јуни, 20201min00
Screenshot_2020-06-05 Jedan blizanac jeo samo vegansku hranu, drugi meso, nakon 12 tjedana otkrili razliku

Еднојајчаните близнаци Хуго и Рос Тарнер одлучиле да направат мал експеримент врзан за начинот на исхрана.

Хуго во текот на 12 недели јадел само вегетеријанска храна, додека Рос конзумирал месо, а промената на нивното тело го пратело тим на научници од лондонскиот King’s College. За време на експериментот тие им ги мереле промените на нивната тежина, нивото на холестерол и мускулната маса.

За време на експериментот и двајцата браќа тренирале пет до шест пати неделно, а внимавале оброците да ги подготвуваат така за да конзумираат идентичен број на калории. На крајот на експериментот се покажале важни разлики во нивната физичка подготвеност.

Пред да го исфрли месото од својата исхрана Хуго тежел 83.9 кг и имал 13 % маснотии во телото, додека на крајот на експериментот имал 82.1 кг и 12% масти. Исто така нивото на холестерол му било намалено, а според неговите изјави имал повеќе енергија отколку пред да го промени начинот на исхрана.

Од друга страна Рос стартувал со 79.4 кг и 13% маснотии, а по експериментот имал 85.7 кг, од кои 4.5 кг му биле мускулна маса и 1.8 кг масно ткиво, а маснотиите му се покачиле на 15%. Нивото на холестерол му било непроменето.

Овој експеримент траел релативно кратко време во споредба со други студии поврзани со исхраната, а близнаците потврдиле дека би го повториле експериментот но овој пат со траење од 6 до 12 месеци, како би добиле попрецизни резултати.

(напомена дека фотографиите се направени пред почетокот на експериментот)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag