Едноставно и неверојатно: Трик кој ќе го подобри вкусот на вашето кафе

popara17 април, 20201min00
kafe 1

Љубителите на горкото кафе, омилената течност треба да ја пијат од бела чаша, а оние кои претпочитаат помек и посладок вкус – од проѕирна чаша. Ова се резултатите од студијата објавена пред неколку години во списанието Flavor, спроведена меѓу љубителите на кафе.

На испитаниците им било понудено кафе во бела, проѕирна и сина чаша, од кои потоа било побарано да го коментираат неговиот вкус. Иако кафето било исто во сите чаши, испитаниците, кафето во белата чаша го оцениле кафето посилно и горчливо, а кафето во проѕирната чаша како послабо и помеко.

Студијата откри дека боите играат голема улога во нашата перцепција на вкусот. Кафеавата течност во белата чаша е контраст што испраќа порака до мозокот дека ќе испие нешто силно и горчливо. Проѕирната чаша, пак, визуелно ја намалува оваа перцепција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag