Експертите откриваат нови факти: Цигарата е штетна дури и откако ќе се ИЗГАСНЕ, особено кога времето е ТОПЛО!

popara13 септември, 20202min0
ЦИГАРИИ НАСЛОВ

Изгасените цигари се поопасни за здравјето отколку што мислиме

Општо е познато дека цигарите се исклучително штетни за здравјето, но податоците за нивниот лош ефект постојано се ажурираат.

Сега се добиени нови податоци за штетноста на цигарите по потрошувачката, како и за големата штетност на филтрите.

Научниците од американскиот национален институт за технологија открија дека отпушоците од цигари се поопасни за здравјето на луѓето отколку што мислиме.

Причината е голема количина на никотин што излегува од нив во воздухот долго откако пушачот ќе ја изгаси цигарата.

Секој филтер од цигарата испушта скоро 15 проценти од никотин содржан во целата цигара, и иако повеќето хемикалии се излачуваат од изгаснатата цигара во првите 24 часа, штетниот никотин е присутен во цигарата седум дена по гаснењето на цигарата.

Експертите исто така открија дека отпушоците од цигари се поштетни кога времето е поубаво или потопло. Освен што никотин се ослободува од нив подолго време, тие се и многу опасни за околината.

На крајот на минатата година беше објавен извештај во кој се наведува дека отпушоците од цигари сочинуваат дури една третина од вкупниот отпад од пластика во светот.

Исто така, големото прашање е дали филтрите во нив воопшто ги штитат пушачите од чадот од тутунот. Научниците од Лондонското училиште за хигиена и тропски болести ги повикаа британските власти и властите во другите земји низ светот целосно да забранат употреба на филтри во цигарите.

Филтер цигарите за прв пат се појавија во 1950-тите. Првично беа направени од целулозен ацетат. Нивната цел беше да се намали изложеноста на пушачите на штетни хемикалии во цигарите.

Сепак, брзо стана јасно дека филтрите не ја вршат својата работа како што треба. Иако тие можат да блокираат поголеми честички, како што се честичките од катран, тие не спречуваат премин на помали честички кои продираат подлабоко во белите дробови.

Пушачите дишат уште потешко и подлабоко додека пушат, бидејќи филтрите го зголемуваат убавото чувство и ја намалуваат иритацијата на белите дробови. Додека ацетат на целулоза се распаѓа за неколку месеци, отфрлените отпушоци од цигари можат да се распаѓаат повеќе од десет години.

Затоа тие се сметаат за еден од најголемите еколошки проблеми, особено во време кога нашата планета е веќе покриена со пластичен отпад.

Луѓето пушат околу 5,5 милијарди цигари секоја година, од кои нешто помалку од пет милијарди се филтер цигари.