Експертите за Џони Деп: „Ова е катастрофа за него, неговата кариера пропадна“

popara7 ноември, 20201min0
fde128a4-1575-48d9-9a72-23851972d5ef

Актерот Џони Деп ја напушти филмската франшиза „Чудни ѕверови“ по барање на продуцентската куќа откако изгуби судски спор против британски таблоид кој објави дека ја злоставувал сопругата. Деп (57) напишал дека бил замолен да ја напушти популарната филмска франшиза, поставена во светот на волшебникот од авторката на Хари Потер, Ј.К. Роулинг, во која тој ја играл улогата на злобниот волшебник Гринделвалд.

Ѕвездата на филмовите „Pirates of the Caribbean“ и „Edward Scissorhands“ ги тужеше издавачите на британскиот таблоид „The Sun“ за клевета, кои во 2018 година напишаа дека актерот ја претепал сопругата Амбер Херд. Високиот суд во Лондон пресуди оваа недела во корист на таблоидите, а од образложението на пресудата се заклучи дека Деп навистина ја злоупотребил Херд во петгодишната врска.

Во објава на Инстаграм, актерот ја нарече пресудата „надреална“ и рече дека ќе поднесе жалба и „ќе продолжи да се бори за вистината“.

Адвокатот Марк Стивенс верува дека ова протерување од филмот може да стави крај на кариерата на Деп во Холивуд.

“Ова е страшно за Деп, тој сега е токсичен. Ќе биде засекогаш познат како оној што тепа жени, пијаница и зависник. Ќе биде напишано на неговиот надгробен споменик”, беше остар Стивенс.

ПР-гуруто, Марк Борковски, пак, тврди дека шансите Деп да опстане во Холивуд се еднакви со оние за искачување на планината Еверест без кислород, обувки и облечен само во долен веш.

“Неговата репутација е разбиена. Сега кога го загуби судскиот спор, тој засекогаш ќе биде познат како оној што тепа жени. Кога и да го интервјуира репортер, тој ќе го прашува за тоа. Не може да биде полошо од ова. Холивуд е многу корпоративен и не сака да ги ризикува неговите пари. Оние што прават франшизи нема да сакаат да ризикуваат со Деп. Ова е катастрофа за него. Неговото враќање е како да се искачува на планината Еверест без кислород, бос и облечен во долен веш.

Тој додаде дека Деп може само да се надева дека фановите нема да се откажат од него.

“Сепак, не го отпишувајте уште. Тој е сè уште многу популарен, па не би рекол дека нема да се опорави. Тој има огромна база на фанови што ќе продолжи да го поддржува”, рече тој.

Борковски вели дека е сигурен дека Деп сега жали што поднел тужба против „The Sun“, но очигледно сметал дека тоа е потребно во тоа време.

И раководителот на одделот за медиуми на адвокатската канцеларија на Collyer Bristow, Стивен Хефер, смета дека на Деп му претстои крај на својата кариера.

“Стратегијата на Деп беше многу ризична и се покажа како катастрофа. Подобро е да не ризикувате со правни случаи”, рече тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma