Ева Мендес и Рајан Гослинг се најчудниот пар во Холивуд!

popara15 јули, 20202min00
mendez

Судбоносното да тие го кажаа во 2016 година во тајност, а до ден денес нема откриено никаква снимка од свадбата до јавноста, исто како се дозна дека Ева го носеше своето прво дете само кога актерката зачекори во 7-миот месец од бременоста.

Актерката исто така успеа да ја сокрие и својата втора бременост долго време, а поради Рајан и нивните две ќерки, Амада и Есмералда, актерката се откажа од својата кариера во Холивуд.

Имено, двојката нема дадилка, а Ева, е посветена на дизајнирање облека и некои други проекти со кои не треба да биде одвоена од семејството.

Парот се појави само неколку пати на црвениот тепих во нивните девет години заедно, и тоа за време на промоцијата на филмот што ги спои, а и ретко се гледаат заедно во јавноста. Затоа, кога папараците ги фатиле како одат со автомобил до дома минатата сабота, беше јасно дека овие фотографии ќе привлечат големо внимание.

Намуртеноста на Рајан исто така го привлече вниманието, но можеби тоа беше затоа што тој ги забележал папараците што не може да ги издржи.

Двојката претходно минуваше време со неколку други членови на семејството, но претпоставуваме дека тоа беше прослава, затоа што имаше подароци. Како и да е, актерката не ја исклучи целосно можноста да се врати во Холивуд, но истакна дека засега не сака да ги остави своите девојки сами.

„Откако децата ќе заспијат, време е за чистење,перење и подготвување храна за следниот ден. Се чувствувам како да водам хотел “, напиша Ева на својот Инстаграм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag