Колку и да се уверуваме, ние жените, дека сме значајно посложени суштества од мажите тоа во суштина не е така. Многу припадници на посилниот пол точно зацртни погледи во однос на тоа што за нив значи совршена жена. Иако е тешко да се разбере баш се сепак доколку ги имате овие особини тие сметајте ги за главни адути за освојување на мажот.
Самодоверба
Мажите сакаат жени кои имаат свој став и свое мислење. Колку и да ви се чини дека тој сака да доминира во врската, нема ништо по досадно од жена која се согласува на се и гази преку своите зборови. Освен тоа никогаш немојте пред маж да се жалите за своите физички недостатоци и да укажувате на нив, бидејќи тоа ќе му остане во глава и ќе почне да размислува за тоа. Нема ништо поубаво од жена која се осеќа одлично, моќно и самоуверено во своја кожа и не се плаши тоа да го покаже.
Смисла за хумор
Оваа особина е една од пресудните. Заедничкиот смисол за хумор ја одржува врската здрава и во не толку позитивни ситуации дава позитивна енергија.
Почитување на приватноста
Одолеете и на желбата да му ги прелистате пораките и немојте да му забранувате да се дружи со пријателите без вас. Дозволете си и на себе и нему слободно време во кое ќе правите нешто што обично не го правите заедно. Кога тој ќе отиде со друштвото на фудбал вие искористете го денот за спа третмани или слични задоволства.
Интересна личност
Не поради него, пред се за вас. Пронајдете хоби, читајте, занимавајте се со спорт или било каква спортска активност, продолжете со едукација…Не постои ништо попривлечно од интелегентна жена која добро се снаоѓа во секоја ситуација и разговор.
Таинствена и непредвидлива
Не доаволувајте да ве читаат како отворена книга. Пријатно изненадете ги со нешто што никогаш не би го очекувале, покажете му некои вештини кои ги поседувате кои претходно не сте му ги откриле и никому никогаш немојте да му ги откривате своите тајни.
Цврст карактер
Во ниеден момент немојте да се претварате нешто што не сте. Покажете ја својата вистинска личност и карактер и бидете верни на самите себе си. Никому не му е пријатно да дознае дека поминал одредено време со глумица.
Насмевка
Последна но сепак важна особина. Дури и вештачка насмева за неколку секунди може да го подобри расположението и да се претвори во вистинска и искрена насмевка.Смејте се што е можно почесто.