Еве како Кралицата Елизабета го поминува времето во карантин и што од сѐ најмногу и недостасува

popara28 април, 20201min00
елизабета 2

Кралицата Елизабета е сè уште во карантин во замокот Виндзор, а Daily Mail откри како го поминува времето.

Кралицата, во замокот Виндзор отиде на 19 март со нејзиниот сопруг, принцот Филип (98). Само неколку од нивните вработени можат да им се приближат поради мерките за претпазливост, а персоналот на кралицата е сведен на минимум.

Нејзиното Височество го поминува времето читајќи весници и да разговарајќи со остатокот од семејството преку видео повици, а заради пандемија таа ретко излегува надвор. Нејзиниот градинар истакна дека кралицата е воодушевена од птиците за кои се грижи додека е во изолација, а откако не оди на јавање, се забавува со друго хоби.

Нејзините вработени велат дека најмногу и недостасува јавањето коњи.

Како што пренесуваат британските медиуми, Елизабета ужива во друштвото на нејзиниот сопруг и тие одлично се сложуваат.

Остатокот од кралското семејство е исто така во самоизолација. Принцот Чарлс сè уште е во Шкотска со сопругата Камила Паркер-Боулс, а сите кралски должности во моментот ги извршува принцот Вилијам.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag