Суви пети, влакна, целулит… Ништо од тоа не им смета на мажите. Всушност она што ги интересира за време на сексот се многу поразлични работи од она што жените ги мислат…
Жена од иницијатива
Мажите не сакаат да бидат заслужни за целата работа и обожаваат жени кои знаат да преземат иницијатива. Незаинтересираноста е одбивна.
Поглед кој мами
Гледањето во очи или меркање на нивното тело е нешто кое мажите го обожаваат. Дефинитивно воспоставете контакт со очите, бидејќи ако цело време го избегнувате контактот со очи тој ќе помисли дека сте незаинтересирана или незадоволна од самиот чин.
Движења на телото
Никаква укоченост и срамежливост не се дозволени. Од друга страна пак, сензуалноста е многу посакувана особина, бидејќи ги возбудува. Вклучете го телото, нишајте ги колковите, нека вашите прсти шетаат по неговото тело.
Свежа депилација или секси долна облека?
И едното и другото, иако е неопходно да бидете совршено депилирани, бидејќи нема да му засметаат некои влакненца кога страста е во прашање.