Благодарение на бројните емисии на кабелските телевизии изминативе години имавме можност да се запознаеме со културата на рачно изработени мотори, пред се тука се издвојува американското шоу American Chopper.
Овој пат од европско тло ни доаѓа еден прилично екстремен пример за правење на кастом мотор. Мото-ентузијасти од геерманскиот град Зил направиле можда еден од најголемите мотори некогаш видени, а најодговорен за ова чудовиште е Тило Нојбел од мото клубот Harzer Bike. Идеата на Тило и неговите пријатели бола да се направи германски мотор од Втората светска војна, меѓутоа она што го добиле како финален резултат повеќе наликува на тенк отколку на мотор.
Како основа користеле голем V12 мотор од советскиот тенк Т-55, кој собира дури 38 литра, а има сила од 580 коња но сепак не може да развие голема брзина.
Поради своите димензии, кои повеќе одговараат на пмал теретен камионет, моторот го добил името Panzerbike -тенкмотор. Долг е дури 5.8 м, а широк 2.8 со се приколката. Вкупната тежина му е 5 тона, порради што Panzerbike веќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како „најтежок мотор на светот“.
Начинот на управување е многу специфичен бидејќи возачот управува преку долги рачки кои го поместуваат предното тркало, додека неговиот совозач во приколката преку својот волан го управува тркалото на кое таа е поставена. Креаторите на ова чудо му дале име Katharina die Große – Катарина Велика и на неговиот преден дел поставиле голема грб на Советскиот Сојуз. Panzerbike е украсен со различни предмети карактеристични за војна: ракета на задниот дел на приколката, голем канистер за гориво, гасни маски, минофрлачки гранати, сандаци за муниција и слично.