Доколку излегувате надвор за време на пандемијата од коронавирус, треба да внимавате на обувките.
Експертите советуваат да одберете еден пар чевли и секогаш да ги соблекувате на исто место, бидејќи вирусот може да се задржи на ѓонот неколку денови.
Во емисијата „Колку е чиста вашата куќа” на една британска телевизија се објаснува дека вирусот може да се задржи на гумените ѓонови меѓу три и пет дена.
Експертите препорачуваат да носите исти чевли и да ги оставите надвор пред да влезете дома. Тие советуваат да направите „зона” предвидена за работите кои ги носите надвор. Соблекувајте се на исто место и тука оставете ги чевлите, а по потреба дезинфицирајте ги ѓоновите. Облеката која сте ја носеле треба да ја исперете во машина, доколку сте биле во контакт со други луѓе.
Доколку сте носеле јакна, не можете да ја перете секој ден, но ако временските услови ви дозволуваат, носете блуза или џемпер, бидејќи нив можете често да ги перете.