Еве зошто Кајли Џенер е толку очајна да го извештачи нејзиниот статус на билионер, според експертите

popara10 јуни, 20202min00

Кајли Џенер има само 22 години, а веќе има повеќе пари отколку што може да потроши во неколку животи. Бизнисменката на Kylie Cosmetics не се двоуми да го покаже нејзиното богатство. Освен ријалити шоуто на нејзината фамилија, таа ги користи и социјалните мрежи за тоа.

Освен што троши пари на огромни куќи од 36.5 милиони и дизајнерска облека, таа не е воопшто скромна кога станува збор за пари. Всушност, Кајли претходната година потрошила дури 130 милиони долари, што ја загрижило мајка и, Крис Џенер и постарите сестри.

Но, богатството на Џенер не е такво како што изгледа. Иако Форбс магазинот претходно ѝ ја даде титулата на најмладиот билионер на светот, тие и ѝ ја одземаа, откако излезе нивната истражувачка статија „Inside Kylie Jenner’s Web Of Lies – And Why She’s No Longer A Billionare“. Еве зошто е можно Џенер да лажела за нејзиниот статус.

Кајли Џенер фалсификувала документи за да се направи себеси да изгледа како билионер?

Во нивната статија, Форбс тврди дека Џенер и мајка ѝ можеби биле очајни да ја стават Кајли на насловната страница на нивниот магазин со години. Наводно, тие дури и ги повикале Форбс во нивните домови и канцеларии.

  • „Бизнисот на Кајли е многу помал и помалку профитабилен отколку што фамилија ја убеди козметичката индустрија.“ – изјавува Форбс. Компанијата исто така тврди дека тие лажирале документи за такса.

Форбс пишува дека бројките на продажбите на фирмата не се совпаѓаат. Иако адвокатите на Џенер побарале тие да ја повлечат изјавата, тоа не се случи. Затоа сега козметичката компанија на Џенер е под истрага од три правни фирми.

Освен нивниот извештај за бизнисот на Кајли, Форбс исто така ја издаде и вистинската бројка на тоа колкаво е богатството на Кајли. Компанијата тврди дека бизнисменката всушност вреди 900 милиони долари. Тоа сепак е блиску до 1 билион.

View this post on Instagram

trolls&chill ? 🤍

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Сепак, Џенер е ужасната од овие обвинувања и е исплашена од сето ова. Кога статијата првично излезе, таа веднаш се одзва на Твитер велејќи дека мислела дека Форбс се реномирано списание, а нивните информации се неточни и измислени.

Врската измеѓу Џенер и мајка ѝ Крис е исто така тензична. Крис наводно земала 10% од парите на Кајли, и таа сега паничи. Кајли не ѝ крева на телефон, и не знае на кого да верува. Тие и двете се исплашени дека ова е лоши вести за нивниот бренд и имиџ, како и дека е можно да имаат проблеми со државата.  

Џенер е екстремно богата и позната жена, и многу луѓе се вчудоневидени што таа воопшто би лажела за такво нешто. Но на крај, изгледа дека таа сепак оди накај статусот на билионер.

Маркетинг експертот Моли Борман Хејмонт за ситуацијата вели: „Проблемот овде е што има притисок да се направи нешто како лажирање на такси за да се покаже колку е успешен еден бизнис. Тоа е бидејќи во светот на Инстаграм инфлуенсери, изгледот на успех е поважен од вистинскиот.“ Иако многу од блогерите на Инстаграм имаат многу следбеници (Кајли има дури 179 милиони), тоа не мора да значи дека имаат подеднакво толку пари од тоа.

View this post on Instagram

wishing this was me right now

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag