Еве зошто постојано ви се враќа габичната инфекција!

popara3 септември, 20201min0
Having issues down there?

Ако сте го имале тоа „задоволство“ да имате габична вагинална инфекција, верувајте дека не сте единствените. Всушност, овде сте мнозинство. Имено, истражувањата покажуваат дека 75% од жените добиваат габична инфекција барем еднаш во животот, а дури 45% од жените добиваат повеќе од еднаш. Овие типови на инфекции се исто така најчести вагинални инфекции. Некои жени имаат дури и габични инфекции кои се повторуваат четири или повеќе пати годишно (медицинскиот термин за оваа состојба се нарекува вулвовагинална кандидијаза).

Габични инфекции најчесто се карактеризираат со чешање на вагината, болна вагина, сува вагина и / или многу чувствителна и болна вагина за време на сексуален однос. И ова се најчестите причини зошто таа се појавува повеќе од еднаш.

Однос (особено ако е со нов партнер)

Жените кои се подложни на развој на габична вагинална инфекција може да почувствуваат промени по односот со нов партнер. Инфекцијата е предизвикана од нерамнотежа на природната вагинална флора и секоја жена има различна, специфична комбинација на бактерии, па ако нешто ново (како сперма) ја наруши рамнотежата на вагиналното опкружување или pH на вагината, резултатот може да биде инфекција.

Плакнење

Не само што нема потреба од ова, туку може да биде и штетно. Исплакнувањето може да ја наруши веќе споменатата природна рамнотежа. А, тоа не е чудно, имајќи ги во предвид состојките кои се дел од геловите за туширање и други препарати кои се користат за лична нега.

Антибиотици

Антибиотиците се одлични затоа што убиваат бактерии, но можат да бидат и лоши кога станува збор за здравјето на вагината, затоа што уништуваат и вагинални бактерии кои го спречуваат растот на кандидата. На многу жени, ова се им случува кога користат антибиотици.

Долна облека

Синтетичките материјали можат да доведат до прекумерно потење, а ако станува збор за синтетичка долна облека, тогаш може да има прекумерен развој на бактерии на неа. Ова не е универзално правило, но жените кои се подложни на габични инфекции треба да избегнуваат користење долна облека што содржи синтетика.

Дијабетес

Излегува дека нивото на шеќер во крвта може да има сериозни последици по здравјето на вагината. Габите растат и напредуваат во средини богати со шеќер. Жените кои имаат дијабетес тип 2, кој не е правилно контролиран, се поподложни на габични инфекции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma