Фаталната Југословенка која го завела најголемиот режисер на светот!

popara8 мај, 20202min00
оја

Американскиот актер и режисер Орсон Велс оставил огромна трага во светската кинематографија, а по неговата смрт е прогласен за надобар режисер на сите времиња.

Освен култните филмски остварувања, познат е и по врската со загребчанката Олга Палинкаш (подоцна ја прекрстил во Оја Кодар), актерка и режисерка која била неговата муза и соработничка дури 24 години! Орсон Велс никогаш не се оженил со неа, но ја сакал најмногу.

Кога се заљубил во Оја, Орсон бил во брак со својата трета жена, актерката Паола Мори, со која бил во брак сè до неговата смрт во 1985 година. Тој никогаш не зборувал за Оја, ниту со сопствената ќерка.

View this post on Instagram

Double O #orsonwells #ojakodar #fforfake #lovers

A post shared by Ana Torres (@ahhhhh_ana) on

Ќерката на Велс никогаш не дознала зошто татко и не ја напуштил последната сопруга и не се оженил со Оја која му го разубавувала животот во последните 24 години од неговиот живот.

Но ниту Оја не се грижела за нивната неофицијална врска. Важно било што се среќни и што се заедно.

Уметницата еднаш изјавила дека Орсон ја запросил на едно патување во Шпанија, но таа го одбила затоа што сакала да си ја задржи независноста и да биде нарекувана Оја Кодар, а не сопругата на Орсон Велс. Таа исто така изјавила дека заради Орсон почнала да се занимава со филм. Да бил тој готвач, веројатно и таа ќе станела готвачка. Тие заедно напишале многу сценарија за филм и имале и прилики заедно да глумат на филмското платно.

Велс починал на 10 октомври 1985 година. Бил пронајден легнат над својата машина за пишување. Тој не умрел во домот кој го делел со третата сопруга, туку во домот во Лос Анџелес каде сосема отворено живеел со неговата љубовница Оја Кодар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag