Роџер Федерер, еден од најдобрите и веројатно најбогатите тенисери на светот, реши да се почасти со нов имот. Тој купи луксузен Пентхаус во Дубаи, каде често го поминува своето време, во познатата катна зграда „Ле Рев“.
Куќите и становите на најдобрите спортисти во светот честопати се во центарот на вниманието на јавноста, а швајцарските медиуми објавија фотографии од домот на Федерер во Дубаи, од кои дури и најбогатите шеици не би се срамеле. Станот се наоѓа во една од најскапите згради во Дубаи, а Федерер мораше да плати дури 15 милиони евра за Пентхаус од 566 метри квадратни, пренесува „Телеграф“.
Погледот е нереален, станот е светол и има прекрасен поглед на море со тераса од 80 квадратни метри. Федерер има и базен на покривот на зградата, како и најсовремен фитнес центар опремен според неговите упатства, затоа што се подготвува за почетокот на секоја сезона во Дубаи.
Роџер и неговото семејство имаат на располагање 24-часовна услуга, а со допир на копче се достапни во секое време приватен авион, хеликоптер, лимузина со возач или Ферари. Тој исто така има мир и интимност, така што не мора да се грижи за натрапните фанови, затоа што сите жители на овој ексклузивен комплекс имаат на располагање лична безбедност.