Феноменална посластица: Сладолед со кокосово млеко и зачини кој ќе го зајакне вашиот имунитет (РЕЦЕПТ)

popara8 август, 20202min00
Annotation 2020-08-08 160917

Невообичаен, но одличен вкус

Во жешките летни месеци, сладоледот е посластица што сите ја консумираме.

Постојат многу видови и многу вкусови, а ние ви носиме рецепт за многу необичен сладолед.

Состојките за подготовка на овој сладолед се малку поскапи од стандардните, но вкусот е нешто што ќе ве воодушеви и дефинитивно треба да го пробате.

Колку и да звучи чудно, овој сладолед може да ви го подобри имунитетот, бидејќи состојките што влегуваат во него се претежно здрава храна која е во служба на здравјето.

Состојкии:

700 гр кокосово млеко

4 лажици јаворов сируп

2 лажици куркума во прав

1/2 лажичка ѓумбир во прав

1/2 лажичка цимет во прав

1 лажица кокосово масло

1 ванилин шеќер

на врвот на ножот сол

50 гр јаткасти плодови

Подготовка:

Истурете ги сите состојки во тенџере, освен јаткастите плодови и полека загревајте на тивок оган. Не дозволувајте смесата да зоврие, тргнете го тенџерето од ринглата и оставете да се олади.

Претурете во сад во кој можете да ја промешате смесата со миксер и кој може да го собере во вашиот замрзнувач. Промешувајте ја смесата на секој половина час. Додека е течна, направете го тоа со жица и кога ќе почне да се замрзнува, продолжете со миксер. Вратете ја во замрзнувачот секој пат. Повторете го ова 5-6 пати, а пред крајот ќе мора да го вклучите миксерот со најмала брзина.

Пред сервирање, извадете го сладоледот на кратко за да може полесно да се обликува со лажица. Ситно исецкајте ги јаткастите плодови по ваш избор – лешници, ореви или ф’стаци и посипете го сладоледот пред да служите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma