Сите се прашуваат кое е убавото момче на сликата
Популарната американска актерка Ева Лонгорија (45) на својот Instagram профил објави нови фотографии од својот симпатичен син Сантијаго и ги разнежни сите обожаватели.
Имено, убавата Ева сè повеќе објавува фотографии од својот син кога се омажи за нејзиниот трет сопруг, мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон (52), со кого се омажи во 2016 година и кој има уште четири деца од првиот брак
Пред Бастон, Ева се омажи двапати – прво со американскиот актер Тајлер Кристофер (48) со кого беше во брак од 2002 до 2004 година, а потоа со кошаркарот Тони Паркер (38) во 2007 година и се разведе четири години подоцна.
Изреката „трета среќа“ сепак делува кај неа, па иако Ева немаше деца со нејзините претходни партнери, таа сега е пресреќна затоа што го има прекрасниот син Сантијаго, а неговите фотографии со задоволство ги споделува со своите следбеници.
Дека Сантијаго е иден холивудски шармер веќе покажуваат сегашните слики, иако има само две години, а Ева го носи насекаде со себе.
Тој готви со неа, оди на шопинг, оди на снимање и прави вежби, а се чини дека среќната мајка не се одделува од својот син 24/7.