Французинките ја открија едноставната рутина за нега на кожата

popara30 јули, 20201min00
nega na koza

Квалитетната рутина на француските жени, кои покрај стилот, имаат и елегантен ритуал за убавина, вклучува само неколку основни чекори, како што се чистење, хидратација и задолжителен заштитен фактор.

„Ние сакаме едноставност, затоа се придржуваме до нашите омилени производи со години, ние сме верни на основите што ни одговараат“, коментира д-р Марин Винсент, основач на Француската аптека.

Квалитетната рутина на Французинките, вклучува 4 фази: чистење, хидратација, крема со заштитен фактор и – малку црвен кармин.

Нивната рутина отсекогаш била минималистичка, бидејќи здравата кожа е основа на каков било изглед, но главното правило е дека никогаш не изгледа претерано.

„Ретко овде ќе видите вештачки трепки и вештачки нокти. Ги прифаќаме нашите недостатоци и несовршености, тоа е она што нè прави посебни“, коментира докторката, која и самата е Французинка. Тие ретко излегуваат на сонце, и ако го сторат тоа, задолжителна е крема со заштитен фактор на кожата и секогаш ја отстрануваат шминката навечер.

„Повеќето од омилените брендови во Франција се формулирани од лекари или фармацевти, така што не е ни чудо што некои производи секогаш се популарни кај нас“, открива д-р Винсент.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag