Косата отсекогаш била главниот женски адут, но и првиот што е погоден кога сакаме промена…
Неодамна објавивме текст за тоа како да ја исправите косата на природен начин. И, како што рековме, секогаш постои правило дека оние жени кои имаат природни кадрици сакаат да имаат права коса, а оние кои имаат сосема права коса го сакаат спротивното.
Ако сакате кадрици на природен начин, како би ја поштедиле косата од инвазивни методи, ние ви нудиме решение кое што може да ви послужи.
За оваа метода ви е потребен молив.
Намотајте прамен од косата околу моливот, држете неколку секунди, а потоа извадете го моливчето и испрскајте со лак за коса (додека сè уште ја држите завитканата коса) како би ја прицврстиле. По неколку секунди, отпуштете го праменот и ќе видите како кадрицата се оформува. Продолжете со третманот на истиот принцип додека не ја истретира целата коса.