Габриел Унион поднела пријава за ДИСКРИМИНАЦИЈА против продуцентите на America’s Got Talent

popara6 јуни, 20201min00
imageedit_148_8285331855

Таа исто така рекла дека директорот на NBC Entertainment, Пол Телегди ја уценувал дека била свиркач.

Габриел Унион преземала правни мерки против продуцентите на шоуто America’s Got Talent, како и NBC Universal и други компании. Во тужбата за дискриминација тврди дека секојдневно имало расистичко однесување на сетот. Исто така тврди дека директорот на NBC Entertainment, Пол Телегди ја уценувал дека ќе и возврати ако таа некогаш кажала што се случувало на шоуто.

Меѓу другите проблеми, Унион ги наведува и расистичките шеги и перформанси, дискриминацијата на база на сексуалната ориентација и прекумерен фокус изгледот на женските судијки.

Според документите кои соработникот на New York Magazine Јашар Али ги пронашол, адвокатот на Унион Брајан Фридман кажал во изјава:

  • „Кога Габриел Унион ги извести NBC за расистичко однесување за време на снимањето на America’s Got Talent, тие не ја поддржаа и не беа бесни на расизмот“ – вели адвокатот.
  •  „Тоа што беше најголемо разочарување беше фактот што Пол Телегди, директорот на NBC Entertainment, всушност ја уценуваше г-ѓицата Унион во обид да ја замолчи за таа да не ја каже вистината за расистичките актови кои се случувале на шоуто.“

Унион исто така ќе поднесе посебна пријава и против Сајмон Кауел, според Али.

Пријавата доаѓа по неколку месеци откако таа беше избркана од талент шоуто поради нејзините критики за културата и однесувањето на сетот на America’s Got Talent. Таа уште претходно ги истакнала проблемите со расизмот и други негативни искуства на долги разговори со главните луѓе на NBC и продуцентите на шоуто.

Таа претходниот декември постираше: – „Ова е изморувачки, ми предизвикува анксиозност и понекогаш страв, но можноста да ја кажам вистината ми ја исполнува душата.“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag