Георгина позираше во „дукс“, вниманието го привлече еден детаљ кој дури и најбогатите едвај можат да си го дозволат

25 август, 2020
Screenshot_2020-08-24 Georgina pozirala u hudici , pažnju ukrao detalj koji si jedva priušte i najbogatiji(1)

Георгина Родригез е веројатно една од најголемите обожавателки на луксузните чанти Hermes Birkin кои само најбогатите можат да си ги дозволат (понекогаш дури и ти едвај), а тоа го докажа со својот најнов пост на Instagram.

Партнерката на Роналдо позираше во опуштена верзија, фармерки и дуксер, но до неа беше црвена торба Hermes Birkin чија вредност се движи од 5 000 евра па нагоре. Таа исто така носеше дијамантски прстен, чија вредност се проценува на околу 330 000 евра.

Hermes Birkin е најлегендарната торба на сите времиња што дури и најбогатите тешко можат да си ја дозволат. Некои од најевтините модели чинат над 5 000 евра, а најскапите до 70 000 евра. Пред неколку години, во аукциската куќа „Christie’s“ во Хонг Конг, торба Birkin беше продадена за неверојатни 380.000 долари, што ја прави најскапата торба на светот.

Торбата Birkin го добила името по актерката и пејачка Џејн Биркин, а е создадена во 1981 година.

Цената на оваа торба, освен по големината, варира и според видот на кожа од која е направена, земјата во која се продава, па дури и боите и моделите. Долго време имаше дури и список на чекање за купување на оваа торба, а покрај бројните холивудски sвезди кои не ја испуштаат од раце, беше популаризирана и од Саманта Џонс, култниот лик од серијалот „Sex and the city“, која проба сè во една епизода за да ја добие позната торба – и не успеа.

View this post on Instagram

Tchin tchin ✨🥂 ❤️

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Пред неколку години на Baghunter, online-store за купување и продажба на торби, тие откриле дека торбата „Hermes Birkin“ е побезбедна инвестиција отколку да се инвестира во злато или акции.

На Георгина ова не ѝ е единствена торба Hermes Birkin што ја поседува (има најмалку шест од нив), а и Роналдо можеше да се види со таква торба.

Патем, шпанските медиуми претходно пишуваа дека Роналдо на Георгини ѝ дава месечен „џепарлак“ во висина од 50 до 100 илјади евра. 26-годишната убавица, наводно, побарала околу 8000 евра за секое спонзорирано објавување на Instagram, а за интервјуа барала и до 100 000 евра. Роналдо има договор со Јувентус од скоро триесет милиони евра годишно.

escort - Korsan taksi