Иако пандемијата од корона вирусот уште не е завршена, германските музеи веќе почнаа со собирање на предмети кои ќе бидат искористени во иднина за изложби посветени на корона вирусот.
Рачно изработени маски, празни полици од маркети, лонци кои луѓето ги користеле да тропаат по балкони се предмети кои ќе бидат изложени во Градскиот музен во Волгсбург: „Историјата се пишува сега“. – изјавил кустосот на овој музеј. Ова е само еден од музеите ширум земјата кои бараат „корона артефакти“ кои може наврзо да паднат во заборав.
„Музеите имаат еден многу важен ресурс, а тоа се нивните колекции“ – рекол Томас Шварк, директор на Музејот на културна историја во Хановер, додавајќи дека тоа ќе остане како потсетник за тешките моменти низ кои поминува целиот свет овој период.
Историскиот музеј во Франкфурт од своите граѓани бара да им донираат предмети, видео и аудио записи, фотографии поврзани со корона вирусот.
Музеите во Берлин и Келн сакаат форографии и предмети од ссекојдневниот живот кои би ги чувале како спомени од корона вирусот за следните генерации.