Ги исправте алиштата а тие не мирисаат убаво? Еве каде грешите!

popara7 август, 20203min00
перење

Дали некогаш ви се случило да ги исперете алиштата, а кога ќе ги извадите не само што не мирисаат на прашок и омекнувач, туку и лошо мирисаат?

Доколку се прашувате во што е проблемот, има неколку работи поради кои може да се случи тоа.

Не користите доволно прашок

Без разлика дали користите прашок, течен детергент или капсули, важно е да ја ставите потребната количина.

Премногу или премалку средство може да влијае врз мирисот на алиштата.

Не ги вадите алиштата на време

Некогаш едноставно ве мрзи да ги извадите алиштата од машина веднаш штом заврши програмата. Алиштата може да останат и по неколку часа затворени во машината. Може да се јави влага која влијае на мирисот на алиштата. Затоа е најдобро веднаш да ги пружите откако ќе заврши перењето.

Не ја чистите машината, ниту гумата на вратата

Гумата која го прави вакуумот кога ќе се затвори машината може да стане легло на влага и бактерии кои се собираат на ова место. Во отворите се задржуваат вода, нечистотии и делови од ткаенината која се пере, па се создаваат идеални услови за развој на микроорганизми.

Треба темелно да се исчисти внатрешноста на гумата со разблажен алкохол барем еднаш месечно.

Доколку перете на ниска температура треба повремено да ја пуштате машината на 90 степени да работи празна, за да може водата да го исчисти и барабанот. Уште поголем ефект ќе има доколку во делот за прашок ќе ставите оцет. Не забораватје и делот каде што се става прашокот да го миете повремено.

Користите погрешна програма

Облеката генерално треба да се пере на повисока температура бидејќи на тој начин може да се уништат бактериите кои се создаваат на ткаенините и предизвикуваат непријатен мирис.

Сте го преполниле барабанот

Иако од економичен аспект е добро да ја наполните машината, експертите предупредуваат дека барабанот треба да се полни малку повеќе од половина. На тој начин и го продолжувате векот на машината, а алиштата ќе бидат подобро испрани.

Важно е што работите по перењето

По перењето вратата од машината оставете ја отворена. На тој начин воздухот ќе циркулира и ситните честици од водата кои се во барабанот брзо ќе испарат. А помалку влага значи и помалку бактерии.

Како што влажните чевли не треба да ги ставате во ормарот за чевли, така и пешкирите не треба да ги ставате во гардероберот додека потполно не се исушат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag