Ентони Лофредо од Франција целосно го трансформира својот изглед, сето тоа во желба да изгледа како вонземјанин. Тој го покри целото тело и лице со тетоважи и пирсинг, и беше подложен на некои екстремни естетски зафати, пренесува Daily Star.
32-годишникот отишол под ножот за да го отстрани носот, па сега има само две дупки, односно ноздри на средината на лицето. Она што е интересно е законот во Франција со кој се забранува оваа постапка, но Ентони успеа – тој патуваше во Барселона со хирургот Оскар Маркез.
Самопрогласениот вонземјанин, воодушевен од резултатите, сподели сè на својот Инстаграм профил. “Благодарение на д-р Оскар Маркез, ти го одбележа мојот живот со ова. Сега конечно можам да одам со крената глава. Горд сум на целиот овој проект што го направивме заедно”, напиша тој.
Ова е само една од операциите што ги направи Ентони. Тој претходно ги отстранил ушите, го разделил јазикот, вметнал влошки во лицето и челото и направил корекција на вилицата. Покрај тоа, тој ги истетовирал своите очи, поточно белците – иако се знае колку е опасно ова затоа што некое лице може да ослепе.
Многумина го прашуваат дали некогаш се покајал за целата трансформација, а тој тврди дека не. Тој вели дека како дете бил фасциниран од трансформација на тело и лице. Работел како чувар на 24-годишна возраст и во еден момент сфатил дека воопшто не го живее животот каков што посакувал. Ги спакуваше куферите и се пресели во Австралија. Потоа започна да прави промени во себе и, како што тврди, стана посреќен.
Тој сè уште не ја завршил целата трансформација и постојано прави планови за промена на нешто ново.