Познатата холивудска актерка Шерон Стоун (62), која стана позната по нејзината водечка улога во филмот „Ниски страсти“, трипати избега од смртта во некои сериозни, но исто така и едноставно неверојатни околности.
Имено, актерката си го пресекла вратот како тинејџерка и скоро починала, во 2001 година имала сериозен мозочен удар, додека во нејзините помлади денови била погодена од молња со висок напон.
- На 14-годишна возраст го исеков вратот, во близина на југуларната вена. Потоа ме удри многу силна молња. Бев дома и ја полнев пеглата со вода кога гром удри во бунарот што го имавме во дворот – рече актерката.
- Едната рака ми беше во водата, а другата на пеглата и одеднаш – удри гром, а водата беше спроводник. За среќа, мајка ми беше дома, која ме спаси – рече тогаш Шерон.
- Се чувствував како да ме срелаат – истакна Стоун по мозочниот удар во 2001 година, поради што помина девет дена во болницата.
Шерон беше подложена на операција за мозочен удар што траеше седум часа и лекарите вградија спирали во нејзиниот мозок. Потоа, таа целосно се опорави, иако лекарите ѝ дадоа само еден процент шанса да преживее.
- Понекогаш размислувам за тоа како ќе умрам следниот пат. Веројатно ќе се случи нешто многу драматично и лудо – се пошегува актерката во една прилика.