Лебедите се сметаат за едни од поубавите и пограциозните птици и честопати се симбол на нежност. Сепак, во реалноста лебедот исто така знае да ја покаже и својата темна страна. Ова на своја кожа го доживеа пливачот кој пливаше во езерцето каде живеат неколку од овие птици. Кога лебедите го видоа натрапникот, тие веднаш видно покажаа дека не се задоволни што тој се наоѓа на нивна територија па почнаа да го бркаат. Пливачот се обиде да избега, но мажјакот брзо почна да го напаѓа.