Го подобрува варењето на храната: Техника на одење за која вашето тело ќе ви биде благодарно!

popara20 април, 20203min00
odenje

Дали некогаш сте слушнале за медитација во движење или свесно одење? Станува збор за техника која има цела низа придобивки и може да ви помогне да се чувствувате урамнотежено и спокојно.

Исто така, ви помага да развиете поинаква свест за околината, телото и мислите.

Со овој начин на одење е важно да бидете свесни за движењето и дишењето, како и да не брзате.

Во медитацијата во движење вообичаено е одење во круг, напред –назад во рамна линија или лавиринт. Ова можете да го направите во вашиот дом во тековната ситуација. Ако одлучите да излезете во природа, не заборавајте да одржите безбедно растојание.

Темпото на одење е бавно, а подолу ќе прочитате некои од специфичните придобивки на оваа техника.

1. Стимулира проток на крв

Медитацијата во движење често ја користат луѓе кои седат подолг период. Одењето по долго седење го стимулира протокот на крв, особено во делот на нозете и помага во олеснување на чувството на слабост или стагнација.

Ваквиот начин на одење е одличен за зголемување на енергијата.

2. Го подобрува варењето на храната

Одењето после јадење е одличен начин да го подобрите варењето на храната, особено ако се чувствувате полно или тешко. Со одење помагате храната да се движи низ дигестивниот тракт и може да спречите запек.

3. Ја намалува анксиозноста

Ако сакате да го намалите стресот или анксиозноста, можете да медитирате додека седите пред или по одењето.

Студија од 2017 година спроведена на млади лица откри дека одењето е поефикасно во намалувањето на симптомите на анксиозност доколку се комбинира со класична медитација.

Учесниците кои покажале најзначајни промени во нивото на вознемиреност, медитирале пред или по одењето. Секоја серија, односно одење и медитација, траела по десет минути.

4. Има корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта и циркулацијата

Една мала студија спроведена во 2016 година открива дека будистичката медитација за одење имала позитивно влијание врз нивото на шеќер во крвта и циркулацијата кај луѓе со дијабетес тип 2.

5. Ја ублажува депресијата

Важно е да останете активни во животот, а редовното вежбање, меѓу другото, ја зголемува и вашата кондиција и го подобрува расположението.

Ова е особено корисно во староста. Една мала студија од 2014 година открила дека постарите луѓе имале помалку симптоми на депресија откако практикувале медитација во движење, три пати неделно, во текот на 12 недели. Покрај тоа, се подобриле и нивниот крвен притисок и физичката кондиција.

6. Го подобрува квалитетот на спиењето

Една студија за 2019 година откри дека квалитетот на спиењето е исто така под влијание на редовното умерено вежбање. Одење ви помага да се чувствувате смирено, а тоа ќе помогне полесно да заспивате секоја вечер.

7. Ја подобрува рамнотежата

Истражување од 2019 година спроведено на постари жени открило дека медитацијата со одење ја подобрува рамнотежата и координацијата.

Како медитацијата во движење да биде дел од вашето секојдневие?

1. Бидете свесни за сегашниот момент

Кога одите, вашето внимание треба да биде насочено кон моментот во кој се наоѓате. Фокусирајте се на звуците околу вас, вашиот здив или било која телесна сензација. Обрнете внимание на вашите мисли додека доаѓаат и си одат. Немојте да одите како кога брзате да стигнете до некоја дестинација.

2. Обидете се да седите и медитирате

Медитацијата во движење често се користи во комбинација со седење. Вашата рутина може да изгледа вака:

– Медитирајте во седечка позиција 5 до 10 минути, а потоа прошетајте или обратно.

– Размислете за разликата помеѓу овие две медитации,  која ви се допаѓа повеќе и зошто…

– Како напредувате, така постепено ќе го продолжите траењето на серијата.

3. Забавете го темпото

Честопати, кога има забуна во умот, ние се брзаме. Забавете го темпото за неколку минути, дишејќи бавно и стабилно. Одете на овој начин без разлика колку време имате. И неколку минути може да бидат корисни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag