
Во услугата за поправка на iPhone, еден работник се изненади кога на мобилниот телефон наишол на порака од испаничен сопруг. Пораката беше придружена со банкнота од 100 американски долари и барање да се „спаси неговиот брак“.
Техничарот објави видео на ТикТок и праша што да прави. Имено, еден човек дошол во сервисот тој ден и го оставил својот iPhone за поправка. Се изгледало како рутинска работа сè додека техничарот не го отворил неговиот iPhonе и не пронашол порака во него.
-Ве молам, кажете и на жена ви дека телефонот не може да се поправи. Таа сака да ја провери историјата на повици, 100те долари се за вас. Ви благодарам – беше напишано на парче хартија заедно со 100 долари.
Техничарот раскажа како се одвивало.
Денес, дојдоа маж и жена и ми го дадоа својот iPhonе за поправка. Им реков да дојдат за еден час и дека ќе го завршам. Почнав да го отворам телефонот и потоа најдов порака во која пишуваше да не го поправам телефонот и 100 долари – објасни тој и ги праша корисниците на TikTok што да прави.
Видеото е прегледано над два милиони пати, а мислењата се поделени.
Како што може да претпоставите, мажите најмногу коментираа да ги земе 100те долари и да каже дека нема спас за телефонот. Едните, пак, коментираа дека треба да ги чува парите и да и каже на жената сè.