Светлана Цеца Ражнатовиќ постави нов рекорд, највисок на Балканот, крунисан со златната плакета “Golden Award” која ја доделува Јутјуб.
Таа е единствен изведувач во оваа област со еден милион следбеници на нејзиниот канал, а нејзините видеа имаат над 1,5 милијарди прегледи.
Цеца се заблагодари за наградата на сите нејзини обожаватели и истакна дека едвај чека да одржи концерт.
“Една добра вест за мене, особено во овие тешки времиња. Горда сум и среќна, славиме милион! Во време кога сме осудени да поминуваме време дома, еден од изворите на мир е музиката и верувам дека многу фанови се сеќаваат на моментите кога пеевме заедно на концертите на нашите омилени песни. Не можам да дочекам да го сторам тоа повторно! “ рече таа.