Годишнината од венчавката на Грејс Кели и принцот од Монако потсети на трагедијата за која постои уште една верзија!

popara20 април, 20201min00
грејс кели

Грејс Кели, една од најголемите филмски и модни икони, на 19 април пред точно 64 години се омажила за принцот Рене и со тоа станала кнегиња на Монако.

По венчањето таа влегла во историјата како принцеза Грејс, а целиот свет (околу 30 милиони гледачи) будно го прател секој момент кај младенците- од поготовките, до медениот месец. Исто така, се одржале две церемонии- граѓанска и црковна, а на списокот на гости се нашле политички моќници, претседатели на држави од целиот свет, славни холивудски ѕвезди…

Заради бракот, Грејс Кели се откажала од филмската кариера на 26 години, а од новата снаа воодушевен бил принцот Пјер, таткото на младоженецот, додека кај останатиот дел од фамилијата таа не добила зелено светло. Кога сфатила дека никогаш повеќе нема да се занимава со актерство, ниту ќе се раздели од Рене, Грејс во целост се посветила на улогата на принцеза.

Грејс Кели и Принц Рене во 1981 година ја прославиле 25 годишнината од брак, кога доживеале стравична несреќа. Враќајќи се од одмор од Француската ривиера, таа изгубила контрола над автомобилот и излетале од патот. Итно е пренесена во болница, заедно со ќерката Стефани која се здобила со тешки телесни повреди. Бидејќи болницата немака КТ апарат, единствено еден приватен доктор го поседувал истиот, додека да успеат да дојдат до него, мозокот на Грејс Кели престанал да врши било каква функција. Нејзиното семејство, погодено од тешката трагедија и во шок, одлучило да ја исклучи од апарати, па на 14 септември 1982 година, Грејс Кели умира на возраст од 52 години.

Како што е вообичаено, по смртта следат гласини, па некои велат дека автомобилот го возела Стефани, а не Грејс. Сепак, официјалната верзија е дека Грејс доживеала мозочен удар додека возела, што било причина за трагичната несреќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag