Големо разочарување за „корисниците“ на Netflix

popara29 мај, 20201min00
netflix

Популарната платформа за стриминг Netflix ја промени својата политика во однос на корисничките сметки за кои се проценува дека се неактивни долго време, но наведува дека тоа се многу мал број на корисници.

Промената се однесува на корисници кои не биле активни на Netflix  една година, т.е. не прегледале ништо од понудата на платформата, или корисниците кои престанале да ја следат содржината на Netflix пред повеќе од две години.

Таквите корисници ќе добијат емаил или известување во рамките на апликацијата Netflix, кадешто ќе треаба да одберат дали сакаат да ја задржат претплатата, и доколку нема позитивен одговор, претплатата на платформата автоматски ќе се деактивира, пренесува Seebiz.

Реактивирање на таквата сметка во текот на следните 10 месеци, а по автоматското деактивирање, ќе го врати стариот профил и сите поставки поврзани со него.

Netfliх посочува дека во овој случај станува збор за многу мал број на корисници, односно помалку од 0,5 проценти од вкупниот број.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma