Поранешниот фудбалер на Челси, Дидије Дрогба, активно се вклучи во борбата против пандемија на корона вирусот во родниот Абиџан, и се гради болница под покровителство на неговата фондација, која им ја понуди на здравствените власти во борбата против Ковид 19.
Како што се наведува, болницата сè уште не е завршена, но може да се искористи за згрижување на пациенти за време на кризата, а од фондацијата соопштија дека, останува на државата да го направи просторот функционален.
Од избувнувањето на пандемијата „Ковид-19“ во Брегот на Слоновата Коска, четири лица починаа, а 533 се заразени.
Дрогба во текот на својата кариера играше за Ле Ман, Марсеј, Челси, Галатасарај, Шангај, Монтреал и Феникс, оставајќи најголема трага во лондонскиот дрес. Тој одигра 340 натпревари и постигна 157 голови за тимот на „Стемфорд Бриџ“, освојувајќи и Лига на шампиони во 2012. година.
Во националниот дрес забелеѓа 105 настапи и 65 постигнати голови.