Google Chrome носи низа подобрувања, најмногу врзани за безбедноста на интернет

popara26 мај, 20201min00
chrome

Наредното издание на интернет пребарувачот Chrome за десктоп ќе биде поопширно од досегашното.

Софтверската надградба која ќе пристигне следната недека ќе има повеќе механизми кои би требало да ги спречат корисниците да посетуваат ризични веб страници.

Со текот на времето и Chrome, исто како Safari и Firefox, ќе почне да блокира колачиња (cookies) од трета страна.

Во поставките ќе биде истакната и алатката Safety Check, која ќе проверува дали вашата лозинка се нашла меѓу оние кои протекле на веб.

Chrome исто така ќе ве предупредува ако некое од веб местата кои редовно ги користите било насилно посетено.

Со новото издание ќе стигне и новата опција Enhanced Safe Browsing, која овозможува делење на URL линкови кои не ги посетувате секојдневно со Google во реално време. Целта е брзо да се откријат Веб местата кои се занимаваат со ‘fishing’ и други злоставувања.

Овој додаток исто така ќе користи информации од вашите кориснички профили од сервисите Gmail и Drive.

Во Google тврдат дека Safe Browsing, откако ќе утврди дека URL кое сте го посетиле е безбедно, собраните податоци ќе ги направи анонимни и по некое време ќе ги избрише. Засега не е познато колку долго Google планира да ги задржи пред бришење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag