Гордо ги покажа резултатите од новиот начин на живот и предизвика многу позитивни реакции кај јавноста!

popara28 јули, 20201min00
rebel

Холивудската актерка и комичарка Ребел Вилсон уште еднаш предизвика реакции на воодушевување, откако на Инстаграм објави селфи во бикини, кое е воедно и првото објавено селфи по строгиот режим на диета и вежбање што ги водеше, за да ја намали телесната тежина и да го промени нејзиниот животен стил.

Четириесетгодишната Ребел објави фотографија од базенот во зелено бикини и селфи во огледалото на бањата и ги покажа резултатите што ги постигна.

„Леле, погледни се!“, „Кажи ми како изгуби толку многу килограми“, „Изгледаш многу послабо“, „Каква кралица“, „Изгледаш одлично и си нашата мотивација“, „Многу си убава“, „Горди сме на тебе“, пишуваа нејзините обожаватели во коментарите.

Ребел изгуби 18 килограми од јануари годинава, откако самата вети дека 2020 година ќе биде нејзина година. Според списанието People, неверојатната трансформација на Ребел е делумно резултат на диеталната програма на Mayr Method, која вклучува намален внес на шеќер, , го зајакнува имунитетот и го намалува воспалението во организмот.

Покрај тоа, таа вежбаше со личен тренер до шест пати неделно, одеше на прошетки и се обидуваше да го зголеми внесот на протеини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma